Press "Enter" to skip to content

Жељко Бабиќ го одржа првиот тренинг со Еурофарм Пелистер

Новиот тренер на Еурофарм Пелистер кој вчера го потпиша договорот, синоќа го одржа и првиот тренинг со ракометарите.

Поради учество на дел од ракометарите на Еурофарм Пелистер на Европското првенство за македонската и други репрезентации тренинзите се одвиваат со помал број на ракометари, а се тренира во спорската сала “Павел Шатев“, поради неможноста да се загрее салата “Боро Чурлевски“.