Press "Enter" to skip to content

Прес-конференција во “Плодност“ за првото породување во вода во Македонија (фото)

Деновиве во приватната гинеколошко-акушерска болница “Плодност“ во Битола, се породи првото бебе во вода, метода која за прв пат се применува во Македонија, а тоа беше повод за денешната прес-конференција зборуваат сопственикот на болницата примариус д-р Таше Трпчевски и  д-р Кристинка Пајаковска гинеколог од тимот кој го изведе породувањето во вода.

Примариус д-р Таше Трпчевски за  првото породување во вода кај нас рече:-Болницата “Плодност“ работи веќе 9 години, при тоа  уште за време на подготовките за отворање моја намера беше да ја воведиме методата породување во вода (специјална када) и  според стандардите на проектот направивме место каде таа опрема ќе се постави, во нашата болница. Овој метод  на породување има поголема предност пред традиционалниот начин како би рекол, природното „суво“ раѓање. Посебно ми е задоволство и чест што тоа за прв пат се случува во нашата болница “Плодност“. Иако можеби доцниме девет години, никогаш не е доцна, а мојата желба се оствари. Морам да истакнам дека за првото породување во вода е заслужен целиот тим мои колеги  кои претходно беа на едукација за оваа метода. Обуката и усовршување беше  надвор од државата. Тимот  предводен од доктор Кристинка Пајаковска, која беше најголем ентузијаст за примена на оваа метода. Таа направи се да се започне со овој нов метод на породување. Јас и мојот тим се  надеваме дека во иднина ќе биде пракса во болницта “Плодност“, рече д-р Таше Трпчевски.

Доктор Кристинка Пајаковска за овој начин на породување рече:-Породувањето за мајката и за новороденчето со оваа метода носи голем број предности: топлината во водат го опушта телото, што за мајката значи намалување на родилните болки, кои траат пократко и се поефективни, со што се намалува потребата од обезболување. Кадата во која се одвива породувањето е специјално изработена од материјал и форма дизајнирана за породување и во таков облик кој и дава комфор на родилката и на акушерките за взаемна работа. Породувањето во вода важи за алтернативен метод, кој е често применлив во клиниките во светот.

Доктор Трпчевски за новата метода на породување во вода додаде:-Се работи за метода која е  стара и која се применува во Европа, а повеќе во САД.  Ова е традиционален, природен пороѓај, кога жената се породува во када во која има топла вода, која делува релаксирачки на матката на родилката. Родилката, која се породи на овој начин  ги искажа токму овие карактеристики, а како рече поразлично се почуствува кога од суво влезе во вода. Таа рече дека ги намали болките, го избегна стресот и била помотивирана да ги засилува контракциите, за полесен и побезболен пороѓај.Инаку, кадата во која се одвива породувањето е специјално изработена од материјал и форма дизајнирана за породување и во таков облик  и дава комфор на родилката и на акушерките за взаемна работа.