Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пушкар се ранил во рака при чистење на полуавтоматска пушка

На 09.01.2020 во СВР Битола, од обезбедувањето на Клиничка болница Битола било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице од огнено оружје.

Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека се работи за битолчанец на возраст од 73 години.

По преземени мерки било констатирано при чистење на полуавтоматска пушка во просторија, која ја користел како работилница за поправка и чистење на огнено оружје (работел како пушкар) во еден момент пукнал и се повредил на левата рака.

По наредба на Јавен обвинител, не бил извршен увид на местото на настанот.