Press "Enter" to skip to content

АД ЕСМ ќе одвои над 25 милиони денари за поддршка на спортот, битолските клубови ги потпишаа договорите за “ваучерите“ (фото)

АД ЕСМ денес потпиша договори за финансиска поддршка на спортски клубови од Битола по основ на т.н. спортски ваучер систем, со претставници на клубовите Јовче Христовски, Сашо Шамбевски и Кире Грбевски.

РК Пелистер ќе добие 8,5 милиони денари, КК Пелистер 2,5 милиони денари, ФК Пелистер поддршка од 1 милион денари, ЖРК Пелистер 750.000 денари. Поддршка врз основа на спонзорства и донации ќе добијат и кугларскиот клуб Пелистер и женскиот фудбалски клуб Топ гол.-Општествената одговорност на АД ЕСМ се одразува и во овие наши активности за кои годинава предвидени се над 25 милиони денари за поддршка на спортски клубови од цела држава. Најголем дел од средствата, секако, се наменети за битолските клубови заради фактот што тука се наоѓа нашиот најголем производствен капацитет – РЕК Битола, истакна генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски по потпишувањето на договорите. Законот за даночно олеснување или т.н. „спортски ваучери“ е одлична можност за стимулација на стопанските субјекти да го пронајдат сопствениот интерес за инвестирање во спортот, додаде Ковaчевски, и ги повика останатите компании да го следат чекорот на Државните електрани. Законот овозможува дел од данокот на добивка, компаниите да го вложува во спортот, наместо да ги платат парите во државната каса. Интерес на АД ЕСМ е стабилни спортски клубови кои ќе придонесат за развој на спортот генерално во земјата, а со тоа здрави генерации на млади луѓе и деца кои ќе спортуваат, заклучи генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Јован Христовски, генерален директор на КК Пелистер се заблагодари за донираните средства и рече:-Нашите амбиции кои ги поставивме пред стартот на сезоната стануваат реалност, со што клубот ќе се врати на нивото кое кое Битола го заслужува. Кошаркарската лига не била никогаш поизедначена, а ние ќе бидеме во сите комбинации, благодарение на оваа мерка и оваа поддршка. Се надевам дека во иднина соработката ќе продолжи, многу компании ќе се охрабрат и ќе придонесат за развој на спортот, секаде во Македонија и во сите спортови.Договорот меѓу ЕСМ и Еурофарм Пелистер го потпиша Сашо Шамбевски и се заблагодати за големата поддршка, и  дека клубот со овие средства ќе израсне во она што битолската јавност го посакува, Еурофарм Пелистер да биде нов бренд и да постигне уште поголеми успеси и се надевам дека со овие средства клубот ќе го направи тоа.

Во име на Топ гол се заблагодари Кире Грбевски, претседател на женскиот фудбалски клуб, кој нагласи дека ваучерскиот систем претставува една огромна финансиска помош, еден голем ветер во грб.-Со овие финансиски средства ќе ги подобриме условите за тренинг и натпревар, но и не  обврзуваат да разботиме уште повеќе, помотивирано, да постигнуваме повисоки спортски резултати, да достигниме едвропско ниво кое ќе го примениме во клубовите, ас секако ќе имаме можност и за засилувања, кои досега ниту ги сонувавме. Ние и кошаркарите немаме толку многу средства и ова за нас е голема помош. Но, сите кои сме корисници на овие средства, со кои вртиме нова страница во работењето, обврзани сме да ги оправдаме средствата со квалитетна работа и висок резултат, рече Грбевски.