Press "Enter" to skip to content

Колумбиецот Борха од Работнички, големо засилување за Пелистер

Александар Борха Кордоба е новото засилување за фудбалскиот клуб Пелистер, пред стартот на подготовките за пролетниот дел на оваа фудбалска сезона.

Борха е дефанзивец, но може да игра на повеќе позиции во тимот, има 21 година, а  Колумбиецот под Тумбе Кафе доаѓа од редовите на  Работнички, а претходно играл и за Македонија Ѓорче Петров. 

Претходно Благоја Спиркоски од Македонија Ѓорче Петров потпиша за Пелистер, со  што лидерот на табелата во Втората фудбалска лига – запад ги потврди амбициите за влез во Првата фудбалска лига. 

Се очекуваат и неколку други засилувања во Пелистер во овој преоден период.