Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: дијагностика на карцином на дојка

Низ  разговори со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, информираме за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне на карциномот на дојка за што вели:

-Една од водечките причини за смртност кај жените е карциномот на дојката, кој доколку е рано откриен е со поголема шанса за целосно лекување. Етиолошки се претставува дека начинот на живот, генетската предиспозиција и хормоналните промени може да имаат улога во настанувањето на ракот на градата.За дијагностицирањето на оваа болест  д-р Васил Чипуровски вели:

-Постојат три методи на дијагностицирање на карциномот на дојка и тоа мамографија, МРИ на дојка и ултрасонографија (ЕХО) на дојка. При сомнеж за присуство на карцином на дојка потребна е и тенкоиглеста биопсија. Ултрасонографски (со ЕХО на гради) може да се дијагностицира карциномот на града и во нашата ординација ПЗУ “Д-р Чипуровски“, при што карциномот на сагитален пресек се презентира како нодуларна формација, додека на трансферзален пресек како хипоехогена лезија со нерамни и ирегуларни граници, разгранета форма поголема висина од ширина на лезијата и со присуство на хиперехогени калцификати во лезијата. Лабараториски параметар кој се користи во дијагностицирањето на оваа болест е тумбол маркерот СА15-3 во крвта на пациентот.

Д-р Чипуровски додава дека редовните контроли, еднаш на 6 месеци, се значајни во рана детекција на карциномот на дојка и ефикасен оперативен третман и целосно лекување. Во раното откривање на карциномот на дојка е важно и повремените палпаторни самоконтроли на градите.

Светската здравствена организација за превенција за карцинот на дојка препорачува избегнување на радијација, контрола на тежината, да не се пуши, органичено конзумирање на алкохол, физичка активност и поддршка на доењето.