Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: опожарена куќа на улица “Нектариј Битолски“

Во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар во помошна просторија од куќа сопственост на Р.Б. (65) на ул. “Нектариј Битолски“ во Битола, при што бил опожарен дел од кујната и покуќнината.

Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.