Press "Enter" to skip to content

Кугларите на Пелистер на подготовки во Приедор, БиХ, во најновата куглана на Балканот (фото)

Кугларите на Пелистер деновиве се на зимски подготовки за пролетниот дел од сезоната, а подготовките се одвиваат во Босна и Херцеговина, во Приедор и Бања Лука.

Игор Михајловски претседател на КК Пелистер за подготовките вели:-Одлучивме дел од подготовките да ги одржиме во Босна и Херцеговина, а според тоа како работевме и што се трениравме не погрешивме. Битолските куглари имаа прилика да тренираат на најновата куглана на Балканот во градот Приједор. Ова за нас е важно бидејќи тие делеа случна судбина со битолските куглари и неколку години патуваа во најблиската куглана на 90 километри во еден правец. Но, сега ја добија од Општината и ја имаат една од најубавите куглани на Балканот, како објект и како функционална куглана, и додава:-Поради овие услови тука се одржа најсилниот и  најмасовниот турнир на Балканот, со учество на повеќе од 300 куглари од 5 земји. Ние настапивме во компетен состав и сум задоволен од постигнатите резултати, меѓу кои има и лични рекорди. Инаку, најдобрите 6 резултати се цифра од 3.385 што е досега најголемо остварување на клубот, иако не сме тука во комплетен состав.

На “Приједор опен“, битолските куглари ги постигнаа следните резултати: Пецо Димовски 593, Цане Поповски 585, Цане Колев 569, Тоде Ристевски 560, Игор Михајловски 556, Александар Младеновски 521 и Архан Арслановски 516 соборени дрвца.

Во Бања Лука, клубот ги продолжи припремите играјќи во спортскиот центар Борик. Беа постигнати следните резултати: Игор Михајловски 557, Пецо Димовдки 553, Цане Колев 549, Александар Младеновски 539, Тоде Ристевски 524 и Архан Арслановски 467 соборени дрвца.Кугларите во рамките на подготовките одиграа и пријателски натпревар со екипата  на Рудар, кој беше домаќин, и го добија со 7:1.

-Единствениот поен го загуби Александар Младеновски, но тој пораз е за нас најголемата победа, го направи својот личен рекорд од 547 кегли играјќи феноменално, наметнувајќи се со својата младост како голема надеж на Битола, вели Игор Михајловски во извештајот од Босна и Херцеговина.

С.Р.