Press "Enter" to skip to content

Само стотина битолчани денес уживаа во сонцето, белината, убавината на ски-центарот Нижеполе (фотогалерија)

Денес Битола се разбуди со сињак и темнина, а  на помалку од петнаесетина километри и триесетина минути возење на падините на Баба Планина зимска убавина : ведро сино небо, сонце, снег…Но, за жал во овие природни убавини, кои би ги посакал секој европјанин, и би ги уживал со полни очи и гради, кои се наоѓаа на ски-патеката “Нижеполе“ и околу неа уживаа само стотина битолчани. Иако нема голем снег на патеката и не работеше ски-лифтот, сепак оние кои беа таму уживаа.Одговорниот за ски-центарот “Ниже поле“ со кој стопанисува ЈП “Стрежево“, Горан Марковски кого го најдовме на работното место ни рече:-Можеме да се пофалиме дека ски-центарот оваа година е поорганизиран во однос на минатата година, но за жал на сите единствено што ни недостига е снегот, но се надеваме дека за брзо ќе го има, сега го има но недоволно да започне ски сезоната. Имаме нов тапкач за снег и санка, техничка подготвеност на ски-лифотвите и дозвола за работа, а очекуваме сето тоа да биде ставено во функција, а за угостителскиот дел додава:-Новина оваа година во понудата се крофните кои се многу популарни кај сите гости, а останатата понуда на топли напитоци, чај,кафе, алкохолни и безалкохолни пијалоци, брзата храна се по цени кои се прифатливи за сите наши гости, а ги има од Битола, но и од Прилеп, Охрид, Ресен, Скопје, Лерин… Денес, 13 ден откако започна зимскиот распуст на децата и на овие предели кои ни ги дала природата се комплетно уредени, природната убавина е на дланка, но сакаме сите да бидеме трпеливи и да го дочекаме снегот. За разлика од минатата година кога имавме 63 ски-денови, од кои 37 пати имаше и ноќно скијање, овие бројки можеби и нема да ги повториме. На “малата“ ски-патека дестина дечиња ги учеа првите тајни на скијањето, а инструкторот Нели Пановска вели:-Ова е пелистерска снежна бајка иско нема снег во поголеми количини. Тука се децата, тука сме ние да им помогнеме да го сакааат скијањето, да бидат дел од планината. Ова е одлично место, прекрасно време, но би сакала да дадам една  забелешка, ски-центарот да има една трака за мали деца кои  учат да скијаат, бидејќи напорно е тие да се качуваат сами и да  губат време.

Временскте  услови  одлични, но сепак мал број битолчани уживаа во овие  убавини во близина на Битола..-Отвори фејсбук, слушај по улици, на слава, на Нова година, насекаде се коментира загаденоста на воздухот била толку-онолку. Загадениот воздух штетен за децата, а гледај денес сонце, чист воздук, само едвај триесетина деца на распуст се на чист воздух. Би ги повикал родителите кои само коментираат да ги донесат децата тука да дишат чист воздух, да се тркалаат по снегот, да паѓаат. Изгледа полесно им е да кажат на фејсбук, а не да бидат тука со децата, туку на кафе по Широк Сокак, вели Игор кој беше тука со своето синче.Оваа наша фото репортажа од ски-центарот “Ниже Поле“ нека бида само покана сите битолчани да дојдат тука со своите деца, барем за зимскиот распуст, да го избегнат битолското зимско сиволо и да бидат на сонце и чист воздух.

Ж.Ристевска