Press "Enter" to skip to content

Фото вест: и во празник и делник и во топло и студ, пазарот мора да се снабдува

Активностите за снабдување на пазарот тезгите да бидат полни за битолчани кои купуваат на зелениот пазар започнуваат многу рано, а во “полнењето“ на тезгите се вклучени голем број на луѓе.

Утрово рано како и секој пазарен ден забележавме околу пазарот десетина колички со кои пренесуваат производите до пазарот.

-Работиме вака секој ден, рано, а после сме слободни, ги паркираме количките. Стоката иди со камиони од каде ја земаме, или од дестиците места блиску до пазарот каде порано е донесена. Ние со колички ја носиме до пазарот и така вадиме парче леб, ни рекое двајца наши млади сограѓани кои денес доставуваа портокали и банани до тезгите.

Тие рекоа дека работата не е тешка, бидејќи е пакована во мали гајби кои не се тешки, но се пожалија дека некои не им плаќаат доволно.