Press "Enter" to skip to content

Поради студената сала во Битола, Еурофарм Пелистер на подготовки во Скопје

Екипата на Еурофарм Пелистер дел од зимските подготовки поради студеното време и поради тоа што спортската сала “Боро Чурлевски“ нема ефикасен систем за за греење ги извршува во Скопје, во салата “Борис Трајковски“.

Новиот тренер на Еурофарм Пелистер работи со рекометарите во Скопје, но некомплетен поради учествтото на дел од нив на Европското првенство во Австрија. На 21 јануари Еурофарм Пелистер ќе биде комплетен и Бабиќ ќе може да смета и на Велковски, Митревски, Маџовски, Маркоски, Вегар, Ѓукиќ, Остроушко, Шевелев и Радовиќ.

Еурофарм Пелистер во рамките на подготвителниот период го одиграа и првиот контролен натпревар против провлигашот КЛ7 и победија со 29:22.

На овие подготовки како засилување Бабиќ ќе го има и рехабилитираниот словенски репрезентативец Анже Ратајeц, кој поради повредата на коленото на Струшкиот турнир замина на операција и го паузираше есенскиот дел, настапите во СЕХА лигата и Лигата на Шампионите.

Инаку, зимските подготовки за вториот дел од сезоната во кој ќе се натпреварува на три фронта, започнуваат со 1/4 финалето од СЕХА лигата против Нексе, а ги очекува и плеј-офот од домашното првенство и Купот на Македонија.