Press "Enter" to skip to content

“Стрежево“ од февруари ќе издава дозволи за риболов, претходно треба да се има легитимација

 ЈП “Стрежево” – Битола од февруари ќе започне со издавање на дозволи за вршење на рекреативен риболов за рекреативната зона “Акумулација Стрежево” за 2020 година, за една  една од поатрактивните рекреативни зони во нашата земја, Стрежевското Езеро, по најповолни цени од сите рекреативни зони и риболовни ревири

Висината за надоместокот за издадена дозвола за вршење на рекреативен риболов на рекреативната зона “Акумулација Стрежево“ за 2020 година,  е утврдена на следниот износ:

-годишна дозвола 1.000,00 денари,

-петнаесетдневна 500,00 денари,

-седумдневна 300,00 денари,

-еднодневна 150,00 денари.

Висината на надоместокот за издавање на годишна дозвола за вршење на рекреативен риболов се намалува на: 700,00 денари за пензионери, 600,00 денари за лица прогласени за технолошки вишок, 500,00 денари за инвалиди, 500,00 денари за студенти и 400,00 денари за ученици.

За да се добие дозвола за роболов претходно треба да се поседува легитимација за рекреативен риболов за 2020 година, која кошта 400,00 денари. Легитимацијата ја издава Македонската риболовна федерација (преку нејзините членови – риболовни здруженија) и истата е обврзувачка за да може граѓаните да извадат дозвола за рекреативната зона “Акумулација Стрежево“ или за било која риболовна вода (рекреативна зона или ревир), а тие веќе се издаваат.