Press "Enter" to skip to content

Фубалерките на Топ гол ги започнаа подготовките со зголемени амбиции за полусезоната (фото)

Сениорките на Топ гол ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната, на фудбалското игралиште “Павел Шатев“ или попозната како “Ќумурно“. Шефот на стручниот штаб,  Кире Грбевски откако ја направи првата прозивка и им посака многу здравје и успех на сите на стартот на подготовките го одработи и првиот тренинг со својата екипа.-На сенорките им ја презентирав програмата за работа и го одработивме првиот тренинг. Зимските припреми ќе ги одработиме во Битола, оваа недела ќе работиме по два пати на ден, предпладне во сала, а попладне на терен. Планот е да работиме во неколку фази каде ќе користиме терен, спортска сала и фитнес центар. Договоривме и контролни натпревари со машки и женски екипи, а очекуваме и покана за учество на силен фудбалски турнир.За играчкиот кадар со кој располага Топ гол, Грбевски рече:-Ќе ја продолжиме соработката со фудбалерките кои настапуваа минатата есен и во преговори сме до две засилувања кои се надеваме дека ќе ги реализираме, а за амбициите за оваа полусезона кратко додава:-Оваа пролет како цел ние е зацртана да го подобриме бодовното салдо и да се искачиме повисоко на табелата, а во националниот куп да играме во самото финале. 

С.Р.