Press "Enter" to skip to content

Вечерва е Богојавленската ноќ, на полноќ се отвора небото, погледнете во него и јасно замислете желба

Денес на 18 јануари се слави празникот Водокрст, а во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот.  

Денот Водокрст, пред Богојавление (Водици) има важно место во животот на нашиот народ.

Во очекување на големиот празник народот изведувал многу обичаи кои се поврзани со крстот и осветувањето на водата, но и со обезбедување плодородие во годината што следува.

Според преданието, во Богојавленската ноќ се отвора небото и се верува дека секоја желба може да се исполни.

Точно на полноќ треба да се погледне во него и да се замисли желба, која каква и да е мора да биде јасна.

Денеска Водокрст или нај народот познат како зимскиот Крстовден, ден кој се слави во пресрет на Богојавление и е прв ден по Божиќ кога православните верници постат.

Ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.

Богојавление е празник востановен во спомен на Христовото крштевање во реката Јордан. Кога наполнил 30 години, Исус дошол на реката Јордан за да го крсти Јован Крстител, кој ги подготвувал луѓето за доаѓањето на Месијата и ги крштевал оние кои се покајале на брегот на Јордан.

More from НекатегоризираноMore posts in Некатегоризирано »