Press "Enter" to skip to content

Осветен мозаикот на влезната врата на МПЦ “Св. Петка“ во Рогдејл, изработен по иницијатива на цапарчани (фотогалерија)

Друштво кое ја пренесува традицијата од своето родно Цапари на австралиските простори е “Свето Јонското Цапарско друштво” кое се јавува како иницијатор за изработка на мозаикот, односно фамилиите Шоповци, Јовевци, Талаковци, Китини-Веловци, Шикановци и Марковци од споменатото свети Јонско друштво на Цапари и уметничката Даниела Недеска со фамилијата.Празникот Водици (Бојојавление), народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Со овој празник завршуваат не само дванаесете т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свечаностите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и сл.Како и во сите храмови на МПЦ така и во храмот посветен на Св. Петка во квартот Рогдејл, во Сиднеј, Австралија празнични денови црквата беше преполна со верници уште од раните утрински часови. Како река се слееја верниците, се исполни дворното место.Мноштво народ присуствуваа на осветувањето на водата, богослужбата и на јавното наддавање на иконите кои верниците ги откупуваат и шест недели ги чуваат за здравје на семејството во своите домови, а потоа ги враќаат во црквата, но и да присуствуваат на осветувањето на мозаикот поставен над влезната врата од самата црква. Мозаикот е изработен од уметникот Даниела Недеска, сопруга на парохискиот свештеник на храмот “Св. Петка“ во Рокдаел, Владо Недески.После наддавањето за иконите во црквата верниците со литии и икони во рацете се упатија кон океанот во месноста Kyeemagh Bech,  каде парохискиот свештеник,
осветувајки ги водите го спушти крстот во осветените води. Најстрекен беше Лукас
Котевиќ кој успеа да го извади крстот од водата.Свештеникот Недески во име на црковната управа на “Св. Петка“  му подари златен крст. Но, според верувањата Лукас е најстреќниот а среќата и здравјето нека го прати во текот на годината и цел живот.Значи празникот Богојавление се однесува на настанот на Христовото крштевање во реката Јордан од страна на Свети Јован Крстител. Карактеристично за празникот Водици е што тој се празнува во поголеми или помали групи што се викаат компании, кумства или братства. Некаде тие групи се формираат по маала, а некаде по фамилии. Сите членови од компанијата се сметаат за роднини и меѓусебно се обраќаат со “светијоване”, “побратиме” и сл. Такво едно друштво кое ја пренесува традицијата од своето родно Цапари на австралиските простори е “Свето Јонското Цапарско друштво” кое се јавува како иницијатор за изработка на мозаикот.Мозаикот се изработуваше околу половина година, а изработен по иницијатива на
друштвото во соработка со уметникот Даниела Недеска и управата на црквата “Св.
Петка“ од Рогдејл. Според традицијата, пракса е на влезната врата на Црквата да стои икона – мозаик на светецот на кого е посветен храмот. Тоа поготово го има по многуте
цркви и манастири во РМ.Изработката на Мозаикот го помогнаа фамилиите од споменатото Свети Јонско друштво на Цапари и уметничката Даниела Недеска со фамилијата, а помош имаше и од управата на црквата со посебен ангажман на Кирил Марковски. Изработката на мозаикот е макотрпна работа и бара многу трпение љубов и посветеност.

Даниела Недеска е дипломиран ликовен уметник, отсек сликарство и конзервација и реставрација. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Со уметност се занимава од раното детство а професионално после дипломирањето во 2008 година. Во уметничкиот опус има ликовни дела слики, икони, фреско икони во неколку македонски православни храмови како и неколку мозаици. Покрај овој ново изработен мозаик нејзино дело е мозаикот на влезната порта на Бигорскиот манастир.