Press "Enter" to skip to content

Победа на кошаркарите на Пелистер над Вардар (фотогалерија)

Пелистер – Вардар 96:81 (18:30, 24:22, 26:14, 28:15)

Спортска сала “Боро Чурлевски“, гледачи: 700

Судии: Мијалковски, Јанков и Михајловиќ

Пелистер: Думиќ 11, Враниќ 8, Мекиќ 23, Зекири 23, Казрновски 17, Браун 10, Трсунов, Обедниковски 4, Пенов, Гулевски, Голубовиќ, Лазаревски.

Вардар: Њувеш 22, Радош 6, Провел 29, Арсовски, Робев 10, Кртевски 3, Станимировиќ 2, Иванов 2, Зафиров, Темелковски 10, Настовски, Ташковски.Кошаркарите на Пелистер забележаа нова победа над екипата на Вардар, без нервоза, иако гостите имаа водство на почетокот на натпреварот, а со 10 коша плус заминаа на одмор. За екипата на Пелистер дебитираше нов странец, Троран Браун, на позиција плејмејкер.Првата четвртина започна со водство на Пелистер 4:0, но потоа предноста ја презедоа иницијативата. На крај водството на Вардар беше 12 поени (18:30).Во втората четвртина, на средината разликата се одржуваше на 14 предност за гостите 28:42, а со десет кошеви предност за Вардар се отиде на одмор, 42:52.Третата четвртина целосно му припадна на кошаркарите на Пелистер кои со неколку “тројки“ по пет минути игра израмнија 55:55, а потоа следуваше изедначена игра и изедначен резултат. На крајот од третиот дел Пелистер стигна до +4 (68:64).По четири минути игра во последната четвртина Пелистер имаше предност од 10 поени, 87:77, а победникот беше решен. Потоа разликаѕа беше и +14 (89:75), а потоа и +15, за на крај да биде 96:81.Најефикасни во тимот на Пелистер беа Зекири и Мекиќ со по 23 поени.