Press "Enter" to skip to content

Свечена академија, 75-годишнината од наставата на Македонски јазик во Горната Гимназија (фотогалерија)

По повод 75-годишнината од наставата на Македонски јазик во битолската гимназија „Јосип Броз Тито”, синоќа се одржа свечена академија во салата на Народниот театар во Битола.На свеченоста присуствуваше претседателот на Владата, Оливер Спасовски, градоначалничката Наташа Петровска, заменик министерката Елизабета Наумовска, директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, претседателот на Советот на општина Битола Валентин Груевски,  директорот на АФПЗРР Никола Бабовски, директорот на РЕК “Битола“ Златко Ќурчиевски, дел од почесните конзули, пензионирани професори од Гимназијата и други значајни лица од политичкиот и образовниот живот.Пред присутните во Народниот театар во Битола, премиерот Спасовски истакна дека овој настан и оваа свеченост по тој повод е силна порака за негување, заштита и унапредување, афирмација и поддршка на употребата на нашиот јазик.Седумдесет и пет годишнината од наставата на македонски јазик во гимназијата „Јосип Броз Тито” во Битола е само еден од бисерите од низата од која е составена богатата историја, традиција и вредности на нашиот македонски јазик. Секој од тие бисери има свое длабоко и суштинско значење, па така и гимназијата „Јосип Броз Тито” со овој свој јубилеј, истакна премиерот Спасовски.Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, при своето обраќање  рече:-Велат, кога Ви зборуваат на јазик на кој говорите и кој што го разбирате, зборовите допираат до Вашата глава, но кога Ви зборуваат на мајчиниот јазик, зборовите допираат во Вашето срце. Оттаму, кога помислуваме на зборовите на Св. Климент Охридски – чувајте го она најсветот и најважното, тоа е чувањето на Македонскиот јазик.На свечената академија се обратија и директорката на гимназијата Фанија Наумовска и универзитетскиот професор Људмил Спасов.Членовите од Драмската секција ја одиграа театарската претстава „Како се чуваше зборот”, што предизвика големи внимание кај публиката, која ја преполни салата на Народниот театар.На крајот, пред присутните гости во салата, меѓу кои и голем број сегашни и пензионирани професори и ученици во гиманзијата, на поединци и компании им беа доделени благодарници за помошта и поддршката која им ја даваат на оваа угледна битолска гимназија.Свеченоста беше проследена и со проекција на краток документарен филм за Петре М. Андреевски, изработен од ученици на гимназијата.Претходнит денови во рамките на одбележувањето на годишнината се одржаа и голем број други настани.