Press "Enter" to skip to content

Совршена ѕвездена ноќ за ноќно скијање во ски-центарот “Ниже поле“ (дрон видео+фото)

Битолчани кои вчера беа на ски-патеката “Ниже Поле“, а исто така денес, цел ден и ноќтото скијање, ски-лифтот ќе можат да го користат бесплатно, а за утре е закажан посебен евент.

Снежните врнежи   во февруари ги израдуваа љубителите на скијањето и други зимски спортови. Ладна февруарска вечер  со околу -6 степени, голем број битолчани со опрема за слијање, ски, санки, даски во центарот “Ниже поле“ каде официјално бeше пуштен во употреба промотивно,и бесплатно користење на услугите на ски-лифтот.Почетокот на сезоната повеќе од успешен, бидејќи бројот на возила беше огромен, така да некои мораа да паркираат многу долу на почетокот на стазата и да чекаат ред за ски-лифт и подолго време на минусни температури.

Но, тоа не им пречеше на скијачите, тие мирно чекаа, во долг ред  расположени, ведри, насмеани, а нестрпливите се искачуваа со своите со скии за да можат да се спуштат и повеќе пати. Имаше и љубители на сноубординг, а најмалите се санкаа.Голем дел од дојдените уживаа со топол чај во ѕвездената зимска ноќ пред чајџилницата. Во неа се чекаше за место, но секој кој дојде оваа вечер Ниже поле беше стрплив, знаејќи дека  голем број битолчани кои скијаат, бордаат, санкаат се дојдени со добро расположение и поготвени за возбуда и забава.Директорот на ЈП “Стрежево“, кое стопанисува со ски-центарот, Менде Граматковски, го најдовме на стазата, на која заедно со тимот се грижеа се да биде во најдобар ред. -Се е подговено и вечерва стартуваме со ноќното скијање на ски-патеката “Ниже поле“, а  официјално стартувше скијачката сезона во зимско-летниот туристички центар “Ниже поле“. Ски-патеката и осветлувањето  се подготвени, а објектот-чајџилница за гостите веќе ги отвори вратите, вели Менде Граматковски, и додаде:-Сите љубители на ноќно скијање вечерва промотивно бесплатно имаа користење на услугите на ски – лифтот вечерва  за успешен почеток на новата сезона. Но, поради тоа што се оддолжи стартот на сезоната и денес и вечерва нема да се наплаќа за користењее на ски-лифтот, а за утре, недела, имаме и подготвено и интересен “евент“, на кој ги повикувам сите битолчани да дојдат.На снегот и скијањето најмноги му се радуваат  младите, а тие се брзаа што повеќе пати да се спуштат по одлично подготвената патека. Михаела Лазаров, осмооделенка од ОУ “Св. Кирил и Методиј“  беше на патеката заедно со своето друштво, но брзајки да фати ред на ски-лифтот само ни рече:-Многу е убаво, уживаме во скијањето, а дојдовме меѓу првите уште во 19 часот, но гужва имаше уште од тогаш, и се искачивме со скиите за да се спуштиме повеќе пати. Еве уште еденаш и заминуваме. Ќе дојдеме и утре сигурно.Порасположени за разговор беа Хелин Мазевска, Амра Мемиќ и Јована Ангелевска, кои со топол чај се одмараа пред чалџилницата, а Хелин ни кажа:-Се трудам моето скијање да биде подобро и на повисок ранг. Секоја година е различно искуство, различен приоритет. Уживам во овој спорт и сум целосно посветена. Денес беше супер, имаше гужва што е нормално за отварање на сезоната, но сепак беше очекувано, луѓе премногу, многу од битолчаните чекавме да падни “салам” снег па и ние да можиме да дојдиме ниже поле и да си уживаме во скијањето. Ладно или топло, сеедно. Догодина сакам повеќе снег.А доколку и идната година биде “сушна“ за снег директорот на “Стрежево“ рече дека е порачана физибилите студија, за поставување на снежни топови низ патеката и со тоа ќе ја продолжи сезоната и нема да се чека на снегот при стартот.

Жанета Ристевска