Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Гордана Цветковска-Бошевска спортист на Битола за 2009 (фотогалерија)

-Сојузот на спортови на Битола или поранешна СОФКА вечерва по 55 пат ќе ги прогласи најдобрите спортисти на Битола за 2019 година, па затоа ќе се осврнам на најдобрите пред 10 години односно во 2009 година, ги започна своите сеќавања Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.-Спортист на Битола за 2009 година беше Гордана Цветковска – Бошевска, која во 2009 година имаше одлични настапи во дресот на македонската репрезентација и освои медали на европски и светски првенства, вели Миновски.Тогаш, се присеќава Миновски, се рангирале и младинците, а Сојузот за најдобар го прогласил Кристијан Илиевски, мотокросист на мото клубот Пелистер.-Наградите го додели тогашниот претседател на Сојузот на спортови на Битола, Силјан Мицевски, а прогласувањето се одржа во хотелот “Епинал“, вели Миновски.Доделени беа и посебни награди, а за најдобар сениорски тим беше РК Пелистер, а за најдобар младински тим беше ФК Пелистер.-Некако тие години во подем беа поединечните спортови, а спортист на Битола неколку години беше Пеце Котевски-билдер и Гордана Цветковски-кунг-фу, вели Миновски.