Press "Enter" to skip to content

Никола Митревски, голманот на Еурофарм Пелистер, спортист на Битола за 2019 (мега фотогалерија)

-Најдобра сениорска екипа РК Еурофарм Пелистер,  најдобра младинка екипа ОК Пелистер Волеј, а посебни признание за Оливера Наковска – Бикова.

-Признание за спортист ветеран за легендарниот шахист Борче Илиевски.

-Посебни признанија за тенискиот клуб Битола, џудо клубот Пелистер, Синдикатот на РЕК “Битола“, Игор Михајловски, Зоран Лазаров, Златко Неделковски и порталот bitolanews.

-Доделени 38 мпадински награди, награди од училишниот спорт и за побениците на ноќната трка. Вечерва во преполниот анфитеатар на ФИКТ се одржа 55. по ред манифестација “Избор на најдобри спортисти на Битола за 2019 година“, во организација на Сојузот на спортови на Битола со поддршка на Општина Битола и градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска.-Денес кога доаѓавте тука сигурно се потсетивте на голените битолски спортски имиња, кои оставиле трага на различни генерации, со кои сте пораснале, за кои сте навивале… Тука сега меѓу нас се спортисти кои сега оставаат трага, на нас, кои го сакаме, но и на оние кои на било каков начин го подржуваат спортот. Но, со нас, гледате е самите околу себе се и идните спортисти кои ќе нижат спортски успеси, ќе носат медали, и за нивните успеси ќе се радуваат некои идни генерации, рече Димче Миновски, претседател на Сојузот на спортови на Битола, кој ги поздрави присутните градоначалникот на општина Битола – Наташа Петровска, претседателот на Советот – Валентин Груевски, пратениците, советниците, членовите на Управниот одбор на Сојузот на спортови, спортистите и спортските работници.Наташа Петровска, градоначалник на Битола, зборуваше за успесите кои ги постигнаа битолските спортисти, заради кои се градат новите спортски објекти, стадионот, базенот, салите во училиштата.-На конкурсот кој го објави Сојузот на спортови на Битола, од вкупниот број на клубови членки, кои го сочинуваат сојузот, на број 60, плус четири сојузи, кандидатура истакнаа 200 спортисти и клубови, што е бројка за почитување, исто како и резултатите кои ги постигнаа за сега да ги вреднуваме во една академска атмосфера како и заслужувате сите кои сте добитници на наградите и останатите. Официјалниот дел, доделување на признанија на најдобрите за минатата година заврши со прогласувањето на најдобриот спортист за 2019 година, голманот на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски, кој по примањето на наградата рече:-Сите награди се значајни, но наградата добиена од своите е најдрага, бидејќи е од дома. Се надевам дека јас и моите колеги од Еурофарм Пелистер, а секако и овие кои се тука наградени ќе бидат мотивација и пример за други идни спортисти. Во сениорска конкуренција следуваат: Рејчел Стојанов, гимнастика, ДГС Партизан, Тамара Жабјански, одбојка, ОК Пелистер Волеј, Симона Стојановска, одбојка, ОК Пелистер Волеј, Владе Станковски, боди-билдинг, ББК Конан, Ангела Јанкуловска, ракомет, ЖРК Пелистер, Анита Гоцева, фудбал, ЖФК Топ гол, Теодора Јанковска, фудбал, ЖФК Топ гол, Никола Бубевски, кик-бокс, КБК Енерџи, Јасмина Ташевска, стрелаштво, РЕК Битола, Горан Шакировски, бокс, БК Пелистер, Филип Трајчевски, фудбал, ФК Пелистер.НАЈДОБРИ КЛУБОВИ, СЕНИОРИ се РК Еурофарм Пелистер, ЖРК Пелистер и ОК Пелистер Волеј,  а НАЈДОБРИ КЛУБОВИ – МЛАДИНЦИ се ОК Пелистер Волеј, ВК Пелистер 15-мај и ЖФК Топ гол. Во категоријата на спортски ветерани добитник на посебно признание е Борче Илиевски, познат шаховски велемајстот, кој иако има 85 година се уште активно се натпреварува.Други добитници на посебни признанија се Златко Неделковски за 50 години тренерска работа, ЏК Пелистер за 50 години постоење, ТК Битола за 40 години постоење, Синдикална подружница РЕК “Битола“ за помош на спортот во Битола, Игор Михајловски за посебен развој на младинското куглање, Bitolanews, за афирмација на спортот во Битола и д-р Зоран Лазаров за посебен придонес во спортот. НАГРАДИ ОД УЧИЛИШЕН СПОРТ добија Кире Јагуриновски, професот по физичко воспитување во средно образование и Михајло Трампевски, професор по физичко воспитување во основно образование. Исто така и ПОБЕДНИЦИ НА НОЌНАТА ТРКА, “Св. Климент Охридски“ – основно образование и Гимназија “Ј.Б. Тито“ – средно образование добија награди. Во изминатата година неколку битолчани оставија спортска трага во индивидуалните спортски натпревари, а посебно се истакнаа Ристо Димитров и Никола Источки, а за уличен гимнастичар награда доби Андреј Марковиќ.НАЈДОБРИ СПОРТИСТИ ЗА 2019 – МЛАДИНЦИ се Ева Милевска, скијање, СК Пелистер, Евгениј Ристевски, сноубординг, СК Пелистер, Јаков Мицевски, џудо, ЏК Пелистер, Никола Стојковски, џудо, ЏК Пелистер, Филип Димовски, реален аикидо, РА Пелистер, Усни Исмаили, фудбал, ФК Пелистер, Божидар Пецаковски, боди билдинг, ББК Канон, Јована Павловска, реален аикидо, РА Пелистер, Наде Смилевска, шах, ШХ Стево Патако, Марија Димовска, кик-бокс, КБК Енерџи, Ивона Кечевски, кик-бокс, КБК Енерџи, Александра Пецаковска, фудбал, ЖФК Топ гол, Теодора Трајчевска, фудбал, ЖФК Топ гол, Мила Димовка, танци, ТК Степ Ап, Зорица Симјановска, танци, ТК Степ Ап, Ана Пејовска, одбојка, ОК Пелистер Волеј, Ева Трпеновска, одбојка, ОК Пелистер Волеј, Стефани Најдевска, одбојка, ОК Пелистер Волеј.Како и Марко Димовски, гимнастика, ДГС Партизан, Христијан Ацковски, кик-бокс, ЏК Чурин, Софија Најдановска, кик-бокс, ЏК Чурин, Бојан Милевски, карате, КК Нинџуцу, Марјана Јоновска, карате, КК Нинџицу, Леа Бошевска, кик-бокс, КБК Самурај, Стефанија Петковска, карате, Зан Шин, Огнен Сливовски, кошарка, КК Младост, Петар Атанасовски, кошарка КК Пелистер, Ангела Трајчевска, ракомет, ЖРК Пелистер, Марија Црвенковска, стрелаштво, СК РЕК Битола, Рамон Ќазимов, бокс, БК Пелистер, Христијан Атанасовски, велосипедизам, ВК Пелистер 15 Мај, Филип Темелковски, велосипедизам, ВК Пелистер 15 мај, Тамара Трајчевска, куглање, ЖКК Пелистер ТиС холдинг, Анастасија Белевска, ракомет, ЖРК Пелистер, Даниел Главевски, пинг-понг, ППК Мултитекс, Дамјан Петровски и Бојан Лошкоски Ружинов од ПК Олимпик.