Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: децата многу повеќе учат од она што сте, отколку на она што ги подучувате“ -W.E.B. DuBois

Еден пример: Детето  добило подарок, воодушевено го отвара,  покажува вистинско воодушевување и пред да се израдува и каже нешто ги слуша зборовите  од родителот „Ајде сега кажи „благодарам“,, и во многу други случаи кога  како возрасни  се „фаќаме“ себеси во обид  да ги форсираме децата да почитуваат и да бидат љубезни. „Ајде сега извини се“, Дај му ја играчката или… на другарчето“. „Оди да те бакне тета“ Но при тоа  забораваме дека на тој начин  не ги охрабруваме, туку тоа често го правиме на некултурен начин.

Децата  заслужуваат исто почитување како и возрасните и исто така децата  се одлични ученици и имитатори. Дали сте се запрашеле  што моделирате за нив? 12 начини кои ВОЗРАСНИТЕ би требало да ги практикуваат за да моделираат културно однесување кај своите деца.1.Кажи благодарам (фала)

Понекогаш  ги гушиме добри манири, наместо „ позитивно засилување“ секој родител кој го конролира однесувањето низ пофалба почесто вели „ ти си добро девојче или момче“. Наместо природно од срце „ти благодарам“. Но секако знаеме што има поголема смисла? Се разбира од срце кажано  „благодарам“! Тоа е но најдобар начин да моделирате  учење на добри манири кај своето дете.

2. Извинување

Толку многу луѓе форсираат неискрени извинувања од своите деца, но тие самите не се извинуваат кога направат нешто погрешно. Не им покажуваат правилен модел на однесување на своите деца. Најдобар начин за да се охрабруваат нештата е да бидете  модел за нив, со пример од себе. Кога ќе направите грешка извинете се. Децата го заслужуваат тоа.

3. Не ги фаќајте нивните работи

Не допирајте туѓ имот  без дозвола.. Тука се вклучени и децата.. Не ги фрлајте, уништувате нивните играчки, одземате работи, прераспределувате нивна соба или не одлучувајте за работи кои им  припаѓаат нив, без нивна дозвола. Децата имаат право да имаат сопствени работи. Сакате да ги почитуваат вашите работи? Почитувај те ги нивните.

4. Слушајте ги внимателно кога зборуваат

Кога некој ти зборува, културно е да го слушаш. Ако сакаш да те слушаат, тогаш слушај ги другите.

5. Немој да им се потсмеваш.

Не е културно да му се потсмеваш на некого или да се шегуваш на негова сметка.  Тоа не би требало да се менува со возраста.6. Биди умен и толерантен.

Децата кога се на јавно место се обично тешки. Родителите од нив бараат да се однесуваат како што тие сакаат. (Пр. „Седи мирно на маса, а тие сакаат да истражуваат наоколу особено ако има нешто што нив ги интересира или други деца.“  Се прашувам што ли прават? Можеби е затоа што како мали не биле почитувани и сега уживаат во чувството на сила која никогаш не ја поседувале. Колку да личи  претерано кога децата уживаат на јавно место, ако не те повредуваат или кршат работи, можаби сакаат да се издуваат. Апсурдно е да сакаш децата да имаат повеќе “манири“додека тебе ти е дозволено да бидеш некултурен и да им вриеш.

7. Одговарај им кога ти зборуваат

Одговарај им на прашања, слушај ги нивните мисли, земај ги во предвид нивните опции како со секого. Ако не си во можност  да го направиш тоа во моментот, само љубезно објасни му дека подоцна ќе зборувате.

8. Биди со почит

Многу возрасни обично  мислат дека автоматски заслужиле почит врз основа на нивната возраст, без обзир на тоа како се однесуваат. Тоа не оди така.Ти заслужуваш да те третираат со почитување, но тоа не оди така ако и ти не ги почитуваш другите.

9. Не оговарај

Зборувајќи негативно за луѓето (посебно пред децата) не е културно. Истото важи и за кон децата. Не им  кажувај на други личности приказни за нив со кои ќе ги засрамуваш. Не се жали од нивното однесување. Споделувај ги нивните дилеми, борби и чувства насамо, кое е многу различно од отворено зборување и засрамување пред други

10. Почитувај ја нивната автономија

Не ги допирајте нив без да ги прашате. Дали ќе биде да ги кренете, избришате нос, ги скокате, и уште многу други нешта кои ги правите со децата без нивна дозвола. Некултурно и несоодветно е да го допираш некого без негова согласност. Да, секако твоја должност како родител е да ги заштитуваш, и да се грижиш за нивното здравје, но тоа не го правете без да ја надвладеете автономијата на нивното тело. Со добри совети земајќи го предвид нивното мислење : Не им кажувај како да се облече, кога да спие, јаде, каква фризура ќе носи.

11. Барајте го нивното мислење.

 Ако треба да те посети пријател, дали ќе донесиш одлука за тоа што планираш да правиш тој ден без нивно мислење? Ќе им кажаш нив дека е време да излезите без да го прашаш или да инсистираш да остават тоа што го прават, бидејќи такви се плановите. Добро е културно да им објасниш за твоите планови.

12. Не ги отфрлај чувствата

Кога возрасен е вознемирен не ти паѓа на ум да му кажеш да престане да плаче, дека  нема причина да биде вознемирен, или плаче за незначајни нешта. Само заради тоа што децата се уште учат да ги регулираат нивните емоции можеби тие и ги чувствуваат поинтензивно, не значи дека се помалку валидни, значајни..  Никогаш не е соодветно да му се каже некому да престане да плаче или како да се чувствуваа. Најправилен одговор на емоција, секогаш е емпатија… (види текст „Плачењето е ОК“ во рубрика Совети www. bitolaneww,mk)

И повторно како родители потребно е да знаеме дека децата многу повеќе учат од она што сте, отколку на она што ги подучувате.