Press "Enter" to skip to content

Битолчанецот, на крузерот кој е во карантин, не е заболен од корона вирус

Битолчанецот, еден од тројцата Македонците кои се заробени на крузерот “Дајмонд Принцес“ во Јапонија, не е заболен од опасниот корона вирус, а не се ни останатите двајца, маж од Гевлелија и девојката од Велес.

Тројцата работат на крузерот, а во карантин на бродот ќе останат до 19 февруари, по што ќе знаат што понатаму.

Вчера со нив стапиле во контакт и од македонската амбасада во Токио, од каде им пратиле порака дека се подготвени да им пружат секакви конзуларни услуги или да пренесат важни информации.

Тројцата македонци добиле заштитна опрема од јапонското министерство за здравство и се под епидемиолошки надзор, како и останатите патници и членови на екипажот.

На крузерот има околу 2.700 патници, а 161 досега е заболен од опасниот вирус.