Press "Enter" to skip to content

Нова детска градинска во стариот “Мајчин дом“ за 80 деца

Други две нови детски градинки, едната ќе биде во просторот на поранешната битолска касарна, а втората ќе биде лоцирана спроти ОУ „Св. Климент Охридски“.

Со активностите кои во моментот ги реализира Општина Битола, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Битола, наскоро ќе добие три нови детски градинки. Едната од нив ќе биде лоцирана во просторот на поранешниот Дом за доенчиња и мали деца, од каде денес за понатамошните планови со овој објект информираа дополнителен заменик министер во Министерството за труд и социјална политика Санела Шкриељ и заменик градоначалникот на Општина Битола, Емилија Костурски.-Во новата детска градинка, во поранешниот Дом за доенчиња и мали деца, ќе може да престојуваат и да бидат згрижени околу 80 деца. Во соработка со Министерството за труд и социјална политика во Битола ќе отвориме и други две нови детски градинки, едната ќе биде во просторот на поранешната битолска касарна, а втората ќе биде лоцирана спроти ОУ „Св. Климент Охридски“. Со трите нови детски градинки во Битола ќе се обезбедат услови за сместување на околу 500 деца, изјави Емилија Костурски, заменик градоначалник на Битола.

-Објектот е веќе поделен во два дела, односно еден дел од просторот ќе прерасне во современ Центар за поддршка на згрижувачки семејства, а во другиот дел ќе има општинска детска градинка, истакна Шкриељ.