Press "Enter" to skip to content

Работилница “Интернационализација во високото образование и Еразмус + програмата“ (фото)

Во рамки на работилницата на тема ,,Интернационализација во високото образование и Еразмус + програмата“ со претставници од Националата агенција за европски образовни програми и мобилност, разгледани се можностите од Програмата, во контекст на најновиот повик за аплицирање во клучните акции поврзани со академската мобилност. 

На настанот учество зедоа продекани за меѓународна соработка и за настава, ERASMUS+координатори, академски кадри и студенти  од УКЛО кои покажаа интерес за новините и начините за поголемо искористување на можностите  во оваа европска образовна програма.Според проректорот, проф. д-р Марјан Ѓуровски, Институционален Еразмус+ координатор на УКЛО, активноста е во функција на подигнување на капацитети на УКЛО во наредниот период. Покрај инфо денови и тренинг обуки на единиците поврзани со Програмата, тој најави и изработка на стратегија за интернационализација на Универзитетот и подобрување на видливоста на УКЛО.Претставникот од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Астрит Беџети, ги претстави бројните можности на Програмата и зголемениот буџет.

На Работилницата беа презентирани интересни искуствата од реализирани академски и студентски мобилности.

Б.Атанасоска