Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер го победи Нексе, но малку за 1/4 финален дуел со Вардар (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Нексе 24:22 (13:10)

Спортска сала “Боро Чурлевски“,

Гледачи: 4.000

Еурофарм Пелистер: Митревски 1/1 (8 одб.), Чаневски (1 одб.), Ојлески, Маркоски 2/3, Маџовски 3/5, Радовиќ 2/4, Јотиќ 5/9, Вегар 3/3, Кукоски, Велковски 2/6, Остроушко 3/8, Ратајец, Граџан 2/2, Ѓукиќ 1/2, Кузманоски, Петровски.

Седмерци: 0/1, Исклучувања: 4 мин.

Нексе: Цар (11 одб.), Радовановиќ, Етер 2/2, Милета 1/2, Баришиќ Јаман, Думенчиќ, Греганиќ, Јелиниќ 2/5, Вида 1/3, Северец 5/7, Пешиќ 2/3, Кевиќ 4/6, Томиќ 1/2, Јагањац 1/3, Возаб 1/2, Прибетиќ 2/3

Седмерци: -, Исклучувања: 8 мин.Ракометарите на Еурофарм Пелистер победија со два гола разлика против екипата на Нексе, но уште два гола недостигаа за пласман во четвртфиналето, против екипата на Вардар, а со овој натпревар завршија меѓународните натпревари, прво во Лигата на Шамшиони, а сега и во СЕХА лигата.Она што е остане забележано за битолчани е тоа што салата „Боро Чурлевски“ беше како во најдобрите денови на битолскиот ракомет, беше исполнета до последно место, а поддршката од трибините беше огромна.Натпреварот тргна лошо за тимот на Еурофарм Пелистер, по водството од 0:2 после три минути игра, а потоа во следните три дојдоа и до 1:4. Овие три гола ги одржуваа до 10. минута кога домашните направија серија од 3:0 и дојдоа до израмнување од 6:6. За прво водство на Еурофарм Пелистер и „експлозија“ во битолската сала се погрижи Радовиќ со својот втор погодок (7:6), а потоа и 10:8 за крајни 13:1о во првото полувреме.Второто полувреме започна со добра игра на битолчани, а по пет минути игра без гол, Ловро Јотиќ погоди на празна мрежи и за првпат домаќините се одлепија на плус четири 14:10, со големи надежи за пласман понатаму. Нексе возврати и со два гола во низа намали на 14:12. Ракометарите на Еурофарм Пелистер се вратија со посакуваната предност на три пари 16:12,  потоа и 19:15 и 21:17 во последните 15 минути од двомечот. На семум минути до крајот гостите намалија и стигнаа до израмнување 21:21, за на крај да биде само +2 (24:22), а тоа само пирова победа.Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ им честита на своите избраници за одиграниот натпревар, а ја пофали и битолската публика.-Честитки на екипата на Нексе, пласманот им е заслужен. Денес ништо не загубивме, туку само видовме што треба да поправиме за остатокот од сезоната во плеј-офот и Купот. Навистина сум горд што денес ги водев овие момци, а од срце им се заблагодарувам на навивачите кои ни приредија одлична атмосфера. Пред нас има уште многу работа, и се надеваме на подобри резултати во иднина, рече Бабиќ. Десното крило Мирко Радовиќ на пресот рече:-Сакам да им се заблагодарам на навивачите што дојдоа во толкав број и нè бодреа во текот на сите 60 минути. Битола е ракометен град, а публиката покажа дека ја знае и разбира оваа игра. Се боревме за навивачите, за клубот, за самите нас, но немавме среќа. 

С.Ристевски