Press "Enter" to skip to content

Жељко Бабиќ: со агресивна одбрана и максимално трчање ќе се помине Нексе (фото+видео)

За првпат откако пристигна во Битола, хрватскиот стручњак Жељко Бабиќ зборуваше на редовната прес-конференција пред осминафиналето на СЕХА лигата Еурофарм Пелистер – Нексе кое започнува вечер во 20,15 минути.

За неговите први импресии од клубот и градот и очекувањето за дуелот со хрватскиот вицешампион, Бабиќ рече:-Ова за мене е ново искуство, нов тренерски предизвик, предизвик во прекрасна и отворена земја како Македонија. Битола е многу убав град и убаво се чувствувам. Играчите добро тренираат, фокусирани сме на Нексе и спремни сме за возвратниот натпревар. Што се однесува до првиот натпреварм имавме лош офанзивен дел, многу технички грешки и мора да се поправиме. Одбраната и транзицијата беа добри во Нашице. Верувам дека грешките ќе ги поправиме и ќе се радуваме на победата.

Што се однесува до екипата, ќе бидеме комплетни. Јотиќ и Маџовски влегоа во тренажен процес по повредите и ќе се најдат во стројот. Што се однесува до Нексе, им се враќа Јагањац и ќе бидат посилни од првиот натпревар. Ни ние, ни Нексе не сме во натпреварувачка форма и тешко е да се предвиди во кој правец ќе се одвива натпреварот. Сепак, можам да кажам дека мора да играме агресивна одбрана и максимално трчање во текот на сите 60 минути“, заврши Бабиќ.

Ловро Јотиќ на прес-конференцијата за вечерашната средба рече:-Ни следи тежок натпревар и имаме еден мал притисок заради тој пораз од три разлика. Мора да ја задржиме или подобриме одбраната од Нашице, но во нападот мора да реагираме и да го заборавиме лошиот натпревар. Можеме да напредуваме во транзицијата, Нексе во Битола ќе наиде на атмосфера каква што не паметат. Со малку среќа и исполнување на советите на стручниот штаб, мислам дека можеме да се радуваме.

Кој ќе се радува вечерва за противник во 1/8 финалето ќе ја има екипата на Вардар.