Press "Enter" to skip to content

СДСМ за спортските ваучери: клубовите да се издигнат на повисоко ниво, а компаниите да ги пренасочат средствата од данокот на добивка

Повод за прес конференцијата која се одржа во ОО на СДСМ од Битола, а на која зборуваше Сашко Наумов, беа доделените спортски ваучери на битолските клубови и еден сојуз, во висина од околу 50 милиони денари.

На пресот Наумов рече:

-Со доделување на ваучерите за Националните спортски федерации, клубови и индивидуални спортисти само докажуваме дека продолжуваме со вложувањата во спортот, со подобрување на условите на спортистите и спортските работници.

Ова е само уште една од мерките која што владата предводена од СДСМ во соработка со Агенцијата за млади и спорт, има за цел да го издигне спортот на едно повисоко ниво со обезбедување сигурен партнер во финансирањето на програмите на клубовите и индивидуалните спортисти.

Со оваа мерка и им се отвора можност на сите клубови, не само на оние големи и атрактивни клубови, при обезбедувањето на нивните финансии.  И овој пат, спортските клубови во Битола не беа заобиколени.

Во оваа прилика ги повикуваме стопанствениците од БИТОЛА да ја искористат оваа можност, која што ја овозможува владата и агенцијата за млади и спорт и да го пренасочат делот од данокот на добивка, од претпријатијата кон државата и истиот да го вложат во спортските клубови од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »