Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: Lipoma – Липома

Низ  разговори со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, информираме за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне на липомата за што вели:

-Липома претставува бенигна мека-желатинозна инкапсулирана формација составена од мастно ткиво која се развива бавно со јасни граници и променлива форма на притисок без сеуште неизјаснета етиологија.Како се открива на ехо, д-р Чипуровски вели:

-На ехо преглед липомата се презентира со овална или елипсовидна форма, јасни граници и изоехогена содржина и хиперехогени линии внатрешно кои се перпендикуларни на ултразвучниот бран.

За тоа како се манифестира и каде најчесто се јавува д-р Васил Чипуровски додава:

-Клинички може да биде најчесто површински локализирана, меѓутоа понекогаш и во подлабоките слоеви под кожата, најчесто како асимптоматска, ретко со компресија на соседни органи и појава на болка. Најчести локации се врат, гради (дојки), грб, тилна област.

Доколку има нагло зголемување на димензиите или болки би требало да се изврши тенкоиглена биопсија со цел да се исклучи постоење на ЛИПОСАРКОМ, кој е малигнитет, препорачува д-р Чипуровски.

Ризикот од руптура е редок при јаки нагли тапи трауми. Целосно лекување на липомата е оперативно лекување, а можно е внатрешно аплицирање на кортикостероиди, но со помал успех во ресорбција на липомата.

More from СоветиMore posts in Совети »