Press "Enter" to skip to content

Спортската сала преполна, на трибините заедно стари и нови лица (фотогалерија)

Трибините на спортската сала “Боро Чурлевски“ на вечерашниот СЕХА натпревар беа исполнети како и пред години, а некој спомена, а и со право, дека вечерва како да е во салата “Младост“, што со оглед на атмосферата, навивањето и се она што се случуваше беше во право.Ова беше и прво “огнено кршевање“  на навивачката група “Чкембари“ кои по фузијата на клубовите Пелистер и Еурофарм Работник, ја бодреа, сега, екипата на Еурофарм Пелистер.За прв пат во салата на старото место се појави транспарентот “Ветерани“ по подолго време, тука беа и дел од основачите на навивачката група.Но, забележавме и некои други стари лица кои на трибините, сега со повеќе години, но како рекоа време беше да гледаме ракомет, каков што сме гледале, жалиме бидејќи не се пласиравме, бидејки против Вардар ќе се вратеше се она што било некогаш.Но, и новините кои сега се во салата, ди-џеј, млад водител кој навива заедно со публиката, е модерна атмосфера која од натпревар во натпревар ќе биде “поудобна“ за сите.За тоа се да биде како треба погрижија сопствениците на клубот кои заедно со останатите навивачи, бизнисмени, лекари, политичари, професори, адвокати, со еден збор битолчани, навиваа, се радуваа и на крај тагуваа.Се на се одлична ракометна претстава, со одлична публика, но за жал “фалеа“ два гола за се да биде комплетно, а како беше преку фотографиите кои се “снимени“ вечерва.

Фото: С. Ристевски