Press "Enter" to skip to content

Во “Раштанско-Крклинско виногорие“, свечено ги зарежаа лозјата за празникот Свети Трифун (фото)

Семејството Димовски од Битола веќе шеесетина години поседува лозје во меснота каде се наоѓаат лозјата помеѓу селата Раштани и Крклино близу над Битола, денеска, како и сите шеесет години наназад, со зарежување на лозовите насади, свечено го одбележаа православниот, христијански, празник Свети Трифун.На утринската посета на лозјето повозрасниот Иљо и синот Дејан Димовски, го зарежаа лозјето, како велат во “Раштанско-Крклинското виногорие“, а претходно во црква запалија свеќа и се помолија за здравје и родна година. Еден од повозрасните  лозари, Иљо Димовски, кој долги години го обработува своето лозје, прв го започна адетот на зарежување, а му асистираше и синот Дејан.-Се сеќавам на периоди кога овде доаѓав со дедо ми се беше под лозови насади и многу лозја се обработуваа, а оваа традиција ја негуваат повеќемина, а од година во година се намалуваат лозјата. Минатата година поради студот овој период немавме ни гранка изрежано, а сега е потопло и со време лозарите си ја фатија работата, вели Дејан.По православниот адет, зарежување на лозјето, домаќините приредија мала гозба за пријателите кои секоја година доаѓаат во лозјето и им посакуваат ними, родна и успешна година, за околу 1.000 килограми грозје колку  “тежи“ годишната берба.-Се надевам дека и моите синови Филип и Марко ќе ја продолжат оваа традиција, а тие ќе бидат и новата генерација која не само ќе продолжат со одгледување на лозјето, туку и со оваа македонска, православна традиција во чест на светецот, заштитник на лозарите Св. Трифун.

С.Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »