Press "Enter" to skip to content

Голема изложба на тема “Ноќ“ во ОУ “Св. Климент Охридски“ (фото)

“Ноќ. Ден. Наше секојдневие. Контраст. Светлина. И во најтемната ноќ токму таа не буди, ја бранува нашата имагинација и не повикува да создаваме и да се стремиме кон светлината.”

На тема “Ноќ“, учениците од 6,7,8 и 9 одделемие од основното училиште “Св. Климент Охридски“ направија голема колекција на ликовни дела, под менторство и со поддршка на наставниците по Ликовно образование Стевче Тодоровски и Ленче Крстеска.-Нашите ученици, преку својата храбра фантазија и цртачка вештина, со нивната имагинација и силно изразен контраст на светли и темни бои, ни ја доловија ноќта како содржина во нивните дела. Овие уметнички дела се направени од длабочината на душата, со слободна мисла, во кои се изразуваат личните доживувања и естетика на нашите млади автори, рече на отворањето на изложбата директорката, Гордана Анастасовска.Отворањето на изложбата беше подкрепено со музички изведби од страна на нашиот училишен оркестар, како и со рецитали од учениците од рецитаторската секција.На изложбата беа изложени 40-тина дела, беше масовно посетена и побуди голем интерес како кај учениците, така и кај наставниците, за создавање на нови дела, проекти и взаемни активности.

Ж.Р.