Press "Enter" to skip to content

Некогаш и денес: Широк Сокак, од секогаш центарот на случувањата

Носталгијата за минати времиња секогаш постои и буди романтични чувства кај оние кои живееле и твореле во одреден период.  Во рубриката „Некогаш и денес“ ќе пишуваме за теми поврзани со минато низ разговори со личности од различни професии кои живееле, работеле и твореле во едно време последните декади од 20 век и почетокот на 21 век, како и за места и објект и улици кои оставиле печат на Битола.Во првото објавување во рубриката “Некогаш и денес“ кога зборуваме не за личности туку за места, улици или објекти, не се двоумевме од каде да започнеме, му дадовме предност на најградската улица, надалеку прочуена, на Широк Сокак.Не би зборувале многу за улицата, за неа се е кажано, направени се милиони фотографии до кој знае кој период до денес, променила многу имиња, но за битолчани е секогаш Широк Сокак. Многумина ја величаат, некој ја кудат, но едно е сугирно тука од секогаш бил центарот на случувањата во Битола.

Ж.Р.