Press "Enter" to skip to content

Управата на ски-клубот Пелистер на отворање на познатата детска трка “Покал Лока“ во Словенија (фото)

Вчера членовите од управата на ски клубот Пелистер присувствуваа на свеченото отворање на една од најпознатите детски трки во алпско скијање во светот “Покал Лока“,  во организација и на покана на збратимениот скијачки клуб “Алпетоур“ од Шкофија Лока, Словенија.Македонската репрезентација во категорија деца е предводена од тренерот Никола Панчевски, а ќе настапи и нашата Ева Милевска.

-Посебно сме мотивирани од поддршката која ни ја дава и битолската легенда Ѓорѓи Марковски, победник на “Тополино“ и други значајни натпревари и учесник на Олимпијада како и Нејзината Екселенција нашата Амбасадорка во Љубљана, Сузана Зеленковска кои посебно допатуваа за да не бодрат, истакнуваат од ски клубот Пелистер.Македонските репрезентативци ќе се борат со екипите на САД, Норвешка, Канада, Италија, Австрија, Германија, Хрватска, Чиле, Нов Зеланд, Србија.