Press "Enter" to skip to content

Блаже Докуле со специјална награда на 21. фестивал на афоризам и карикатура во Струмица

Битолскиот карикатурист Блаже Докуле на 21. по ред на фестивалот на афоризми и карикатури во Струмица  ја доби специјалната награда од организациониот одбот на фестивалот за карикатура.

Наградената карикатура на Докуле

-Покрај наградите за прво, второ и трето место организациониот одбор на фестивалот доделува и по една специјална награда за карикатура и афоризам. Јас за овој фестивал испратив три необјавени до сега карикатури на тема еротика и за една ја добив оваа награда, што за мене е посебна чест, вели Блаже Докуле, на кој оваа награда му е 13. по ред од овој фестивал.