Press "Enter" to skip to content

Кадетките на Пелистер Волеј по победата над Вардар во 1/4 финале (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Вардар Жени 3:0

(25:11; 25:16; 25:15)

Кадетките демонстрираа моќ во натпреварот против екипата на Вардар Жени и со 3:0 по сетови победија, а во текот на велиот натпревар имаа контрола на резултатот.-По младинките и кадетките, цврсто веруваме и очекуваме веќе наредната недела и пионерките на Пелистер Волеј да се изборат за своето прво 1/4 финале како нова генерација пионерки.  Со тоа ќе ја потврдиме првата цел и во сите млади категории Битола да има екипа меѓу најдобрите 8 екипи, а потоа секој нареден успех ќе значи и нов Ф4 за нашиот клуб, истакнуваат од Пелистер Волеј, а за натпреварот тренерот Трифуновски рече:-Игравме одлично, а во тимот имавме и три пионерки. Полека ја достигнуваме формата која ја темпираме до оваа млада екипа за најважните натпревари кои ни престојат. Имаме некои работти кои мораме да ги подобриме доколку сакаме во Ф4, на што ќе работиме во наредниот период.Поените за Пелистер Волеј ги освоија: Трпеновска 18, Најдановска 11, Бицевска 7
Стојановска 7, Нонкуловска 6, Пајаковска 2, Дамчевска 1 и Ристеска 1.