Press "Enter" to skip to content

Совети од нутриционист: зошто треба да јадеме риба?

Рибата мора да биде дел од исхраната на секој, без разлика дали применува диета, спортска исхрана… а јас како нутриционист препорачувам редовно консумирање на риба, нагласувајќи дека е здрава, но оваа храна не е доволно често на менито на просечното семејство.

Риба мораме на имаме на менито пред се поради навистина високи нутритивни вредности, богата е со витамини и минерали. Како пример го наведуват поморските земји кои често на трпеза имат риба и како резултат статистички подолго живеат и поретко заболуваат од малигни и кардиоваскуларни заболувања. Затоа е препорачливо да се јаде риба неколку пати во неделата.Што содржи месото од риба?

Она што рибата ја прави посебна и корисна е што содржи низок процент на калории, а многу корисни материи корисни за организмот. Некој важни елементи кои ги содржи рибата се бакар, белковини, витамини, б комплексот, калијум, калцијум, јод, железо, натријум, незаситени масни киселини, селен, цинк и висок процент на протеин!!

Докажано е дека со редовна конзумација на рибата во исхраната се намалува ризик од некои заболувања како што се инфаркт, анемија, депресија, остеопороза, зголемен крвен притисок, а го успорува старееењето.

Рибата треба ќесто да се внесува во исхрана покрај останатато, затоа што организмот не може да ги синтетизира полинезаситените масни киселини туку треба да се внесат преку храна.Напомена: Неодамнешните истражувања покажуваат дека само со внесување на риба еднаш неделно помага да се зачува сивата маса на мозокот, која е одговорна за меморијата и вродените функции, а со тоа го намалува ризикот од добивање на Алцхајмерова болест. Често потрошувачката на риби во исхраната несомнено го продолжува животот и го подобрува неговиот квалитетот.

За совети за исхрана и диет програми, нутриционист Тоше Соколов
Мобилен број 070/355-654
Или на фб страна Витаф диет.