Press "Enter" to skip to content

“Фрајле“ + “Калабалак“ = незаборавна забава во вино-бар “Буре“ (видео+фото)

Синоќа  оние битолчани, кои како и секој петок, беа “излезени“ во вино бар “Буре“ имаа среќа и можност да ја почуствуваат енергијата на групата “Фрајле“.Овие четири шарматни музичарки, заедно со групата “Калабалак“, направија забава која ќе се памети и атмосфера која може само да се почуствува.

Девојките од “Фрајле“ како вистински професионалци после одложениот концерт, пристигнаа во Битола, но и после напорното патување, понесени од гостите во “Буре“, приредија вистинско музичко, мини шоу,  по кои се и познати.Тие придружени од групата “Калабалак“ пееја, играа буквално со сите. Непосредни и позитивни во комуникацијата се фотографираа со присутните.

Забата кулминираше кога “фрајлите“ заедно со гостите ја испеаја на цел глас “химната“ на Битола, “Битола мој роден крај“.Низ галеријата фотографии и видео ви ја доловуваме атмосферата која би требало да е увод за нивниот концерт пред битолската публика сега одложен за 3. април.

Жанета Ристевска