Press "Enter" to skip to content

“Време Невреме” – авторска песна од “Brass Brothers“ (фото+видео)

Еден од најпопуларните битолски бендови, за кои може слободно да се каже дека овој епитет го имааат и низ целата наша држава, атракцијата од Битола, “Brass Brothers“ конечно ја израдуваа многубројната публика со своја авторска песна со наслов “Време – невреме“.

Оваа нивна песна, која е прва нивна авторска песна, и само по едно преслушување, на љубителите на музиката ќе им остане во музичката меморија, а песната ја носи пораката “Со љубов да победиме“.

-Последиците од невремето кое го живееме и револтот кој го изразуваме во “Време – невреме“  и не сакаме да бидат искористени од страна на актуелните политички опции и се оградуваме од истите, велат од “Brass Brothers“.

Автори на „Време – невреме“ се Елена Тодосиоска и Дејан Марковски, музиката е на Горан Мицевски – Кус, а аранжманот е на познатиот пејач Димитар Андоновски.

Видеото пак го изработија „Concept Production“ од Битола.

More from ЗабаваMore posts in Забава »