Press "Enter" to skip to content

Центарот за култура во 2020 одбележува 40 години, пролет со концерти, театар, фестивал на монодрама…

И оваа пролет во јубилејна 2020 година, кога Центарот за култура ги прославува 40-те години постоење, ќе има повеќе големи настани. 

На 20 март  во Центарот за култура Битола, доаѓа театарската претстава, хит комедија,  која во моментов има балканска турнеја со наслов “Чекајќи го министерто“, со легендарната актерка Лидија Вуќичевиќ и актерите Сашо Ристовски и Семир Гициќ.

По одложувањето, 3 април е резервиран за двата концерти на Фрајлите, а за крајот на април од Центарот подготвуваат уште едно изненадување заедно со Камерниот Оркестар на Битола за верна публика.

Мај месец или поточно 8 мај, е веќе резервиран за отпочнување на 22 – рото издание на Интернационалниот фестивал на Монодрама во Битола, на радост на сите љубители на монодрамата, со многу пријатни изненадувања за битолската публика, која редовно за овој фестивал ги полни салите.