Press "Enter" to skip to content

Третиот роденден на Анастасија Центар прославен со креативниот Перформанс – Три (фотогалерија)

На 11. март, сцената на Анастасија Центар беше целосно превземена од талентираните млади уметници – перформери и учесници: Емилија Христовска, Анастасија Јовановска, Сања Лазаревска, Екатерина Мицевска, Валерија Костовска, Стефани Мижимаковска, кои  креираа сопствени движења, даваа идеи, пишуваа свои авторски текстови. Кореографијата и режијата беа на Стефанија Милевска, а костимите на 
 Анастасија Зулевска.33 минутен перформанс кој направи паралела на 3 различни мотиви: Љубов, Слобода, Среќа. Бројот три беше поврзан со светото тројство и со сфаќањата за минатото, сегашноста и иднината. Изненадување беа малечките танчерки кои се појавија на крајот од перформансот со цел да го зачуваме детето во нас, преку пораката: „Она мало дете во тебе што пее, е тоа што си СРЕЌЕН“.Верувајќи дека тие кои се под влијание на овој број покажуваат цврстина, слобода, иноваторство, убедлив шарм, чувствуваат животна радост и ентузијазам. Дека секогаш покажуваат оптимизам и проблемите кај нив немаат долгорочно влијание, танчерките перформери на Анастасија Центар тацуваа со целосна убедливост на овие мотиви. ,,Звукот на мелодијата продира низ мене, навлегува длабоко во моето тело, придвижувајќи ме, го исцртува мојот животен пат. А ритамот пак го следи отчукувањето на моето срце и така се исцртува мојата љубов. Човекот ја твори музиката, а таа го создава неговиот живот.” – Емилија Христовска.,,Добри дела на земјата – чекори до рај. Живееме хипнотизирано. Се подготвуваме за големиот час кога нашиот живот конечно ќе започне, а се повеќе се сомневаме дека тој час воопшто нема да дојде. Годините си минуваат и денес – утре, животот поминал. За да стигнеш до рајот треба труд, бидејќи сите луѓе и јас треба да се одвикнеме од лошите мисли.” – Анастасија Јовановска.,,Светот на музиката е полн со љубов и среќа. Биди дел од неа. Ќе бидеш слободен како птица, ќе полеташ и ќе ја шириш твојата мудрост. Никогаш не е доцна да го промениш начинот на живеење. Музиката ни го разубавува животот. Позитивната мисла го променува секој твој чекор, збор и секоја твоја постапка. Затоа отвори нова страница и стани дел од овој свет.” – Стефани Мижимаковска.,,Среќата му е потребна на секого. И тогаш кога ја немаш пробај да ја пронајдеш и потоа задржи ја. Бори се за неа. Нема да зажалиш ако имаш широка насмевка на твоето лице. Пробај да пронајдеш среќа во тагата, светлина во темнината, насмевни се кога ти е најтешко, само така ќе бидеш среќен, а животот ќе ти биде полесен.” Сања Лазаревска.,,Во неа ја гледам мојата моќ, како во кристална кугла. Ми дава сила да бидам тоа што сум. Таа моќ ме обзема и ме заслепува со својот интензитет. Кога ќе го откриеш тоа што вистински го сакаш, држи го цврсто, со двете раце и не дозволувај му на друг да ти го земе!” – Екатерина Мицевска.,,Танцот ослободува … Ти го трга превезот од очите и те враќа во реалноста. Танцовата енергија има неверојатна сила, неверојатна моќ. Те носи на возвишени места. Ти го допира срцето и станува центар на твојот универзум. Танцувај слободно … Мисли слободно … Секогаш !”  Валерија Костовска.