Press "Enter" to skip to content

Пелистер прволигаш, ако ФФМ ја прифати препораката на УЕФА?!

Европската фудбалска ацоцијација, утре, преку видео-линк ќе одржи конференција со своите членки, меѓу кои и Фудбалската федерација на Македонија, на која ќе се зборува за иднината на европскиот фудбал за оваа сезоза во националните шампионати, како и за иднината на Европското првенство кое е планирано за јуни 2020 година.

УЕФА ќе им предложи на клубовите да ги прекинат националните шампионати и да им додели титули на екипи кои се на врвот до прекинувањето на натпреварите, но ова се само препораки кои може, но не мора националните федерации да ги спроведат.

Во случај Фудбалската федерација на Македонија да ја прифати препораката на УЕФА, битолски Пелистер ќе биде прволигаш, бидејќи кога се прекинаа натпреварите битолчани беа лидери на табелата во Втората лига – запад.

Шампион ќе биде Вардар, а Беласица ќе биде вториот прволигаш од “исток“, а многу федерации размислуваат да не дозволат испаѓање од лигата, туку да понудат проширување.