Press "Enter" to skip to content

Битолчани на работно место во вонредна состојба: Благојче Кривевски, средно земјоделско училиште

Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “СЕДИ ДОМА“ сепак некои наши сограѓани се наоѓаат на работните места, каде во вонредни услови ги извршуваат работнните задачи.

Благојче Кривевски, директор на средното земјоделско училиште “Кузман Шапкарев“ денес беше на работното место, а како се одвиваше денешниот ден тој ни напиша:

-Од воведување на мерките за заштита направивме кризен штаб бидејќи ние како училиште покрај наставата имаме и други задолженија кои не можат “да чекаат“. Така секој ден на училиште има по тројца вработени, а денес бев јас, како и секој ден, со професорот Владимир Илиевски и од техничкиот персонал. Денес на дневен ред беше подтовката на сточна храна за нагледните животни кои се во нашата фарма, а изминатите денови целосно ги припремивме нашите површини за пролетната сеидба, секако почитвајќи ги мерките за заштита пропишани од Владата.За тоа веќе го изпланираа утрешниот ден Кривевски додаде:

-Продолжуваме со редовните активности, но че потенцирам дека сакаме да дезинфицираме улиците околу гробиштата со сопствената механизација и да дадеме придонес кон излегување од оваа вонредна состојба, а оние кои можат да работат од дома да ја почитуваат препораката “СЕДИ ДОМА“.