Press "Enter" to skip to content

Битолчани на работно место во вонредна состојба: Елизабета Кочева-Јосифовска “ЈК Травел“

Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “СЕДИ ДОМА“ сепак некои наши сограѓани се наоѓаат на работните места, каде во вонредни услови ги извршуваат работните задачи.

Елизабета Кочева-Јосифовска е вработена во туристичката агенција “ЈК Травел“ и според препораките на Владата таа работното место од канцеларија го замени со домашна атмосфера. За тоа како таа денес го помина “домашниот работен“ ден ни напиша:

-Во ова време на пандемија, кога многумина од нас работат од дома, кога нашите деца не одат во градинка и на училиште, не е лесно да останеме фокусирани и продуктивни. Особено ако знаете дека компанијата се соочува со менаџирање на една од најтешките кризи кои глобално го погодија светот. Секој од нас досега имал можност да го помине денот работејќи од дома од различни причини, но сега, во овие околности е сосема друга приказна.

За работењето од дома Кочевска-Јосифовска вели:

-Работна атмосфера заедно со игрите и песните на моите  деца е интересен спој. Работењето од дома има свои предности, посебно наутро. Можеме подолго да спиеме, не губиме време во сообраќајните гужви, без трошоци за превоз, појадок и кафе, па и со добра организација на времето можеме да бидеме и супер продуктивни.  Се разбира, не е ист секој ден, ниту може да имаме сè под контрола, затоа се обидувам да си поставам реални цели и “to-do” обврски на списокот што треба да направам  во текот на денот, решавајќи ги по приоритет. Работниот ден  го започнувам со преглед на сите пораки кои сме ги добиле на социјалните мрежи од нашите кленти и  соработници. Во време кога патувањето е  забрането а границите  затворени, пораките се едноставни и се  состојат од само неколку прашања. До кога вака, дали знаете? Што ќе биде со нашиот  одмор?… Нашата комапнија ЈК травел која е лидер кога станува збор за областа на туризмот можноста да работи онлајн, ја спореведе одамна, но ете оваа криза, која пак како дополнителна несреќа прва ја погоди нашата индустрија, зошто луѓето во првиот страв глобално кога започна ширењето на вирусот ги прекинаа патувањата, ја тестира онлајн работата во време кога решава кризен менаџмент. 
-Не секоја комапнија може да прифати да работи онјалн. Не се секогаш само алатктите клучни. Значјана е компаниската култура која е еден од клучните елементи за успехот на секоја компанија која задира во сите елементи од ефикасност и ефективност на работењето, нивото на соработка, меѓусебните односи на вработените итн. Компанијата ЈК травел, за која јас работам 2 години и во време на оваа навистина сериозна криза на бизнисот кој прв е на удар, покажа дека може совршено да се организира и да им овозможи на вработените да работат од дома, да внимаваат на себеси и своето семјство и да сочувствуваат со сите оние кои се засегнати од тоа што ќе донесе оваа пандемија, кога станува збор за нашто што се чека цела работна година, а тоа се годишните одмори за кои луѓето штедат буквално целата година.
 
За денешните активности вели:
 
-Така и денес додека работев дома, ми стигна и веста на која работеше менаџментот на ЈК травел заедно со сите сериозни партнери од туризмот, да се изнајде начин како да се обештетат сите оние кои направиле резервации, а истовремено да се сочува бизнисот од кој живеат многу семејства, па и моето. Нема чувство кое може да го опише зборот на радост и во вакви тешки моменти, кога добивате вест дека се ќе се среди, дека клиентите ќе бидат среќни и кога знаете колкави се жртвите на Вашите претпоставени. Оттука и ние како вработени знаеме зошто треба да дадеме 100% од своите капацитети и од дома и од работа и постојано без оглед на тоа дали е криза или не. Објаснувањето е едноставно. ЈК Травел наметна работна култура, како збир на навики, вредности, начини на кои соработуваме и комуницираме кои влијаат на начинот на кој вработените се чувствуваат на работа, а сега и дома. А тоа значи дека се чувствуваме вредни, заштитени и значајни. Се навраќам на домот и на тоа што ни носи оваа работа од дома во изолација….ме потестија на ТВ рекламите во кои  најчесто утрата почнуваат позитивно, убаво и весело. Децата и родителите се будат со насмевка, така наспано се растегнуваат, весело протрчуваат низ домот и среќно фамилијарно појадуваат. Мојот ден започнува кога помалото дете ќе ми се качи на глава, ама во вистинска смисла на зборот. Потоа започнува борбата за облекување, гужвата во тоалет, високите тонови … И така, таа гужва поминува брзо бидејќи сите излегуваме од дома. А сега, кога работиме и учиме од дома, распоредот на активности е вистински предизвик. Па и уживање. Ова ќе заврши, проблемите ќе се надминат, среќници сте ако сте и Вие како мене вработени во навистина исклучителна комапнија кога станува збор за компаниската култура и одлуките да останеме дома, сигурни, за себе и за светот околу нас!