Press "Enter" to skip to content

Битолчани на работно место во вонредна состојба: Димитар Триста, “Еуротабак“ – Скопје

Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “СЕДИ ДОМА“ сепак некои наши сограѓани се наоѓаат на работните места, каде во вонредни услови ги извршуваат работните задачи.

Димитар Триста е вработен во копманијата “Еуротабак“ од Скопје, како backup TRK патник за продажба и дистрибуција на цигари и “Hell“ енергетски пијалоци, каде работи веќе веќе 4 години.-Според она што го прошишува ова работно место ги опфаќам градовите Битола, Прилеп и селата во Демир Хисар. Моментално оваа седмица, според а претходно направен редослед сум во соседниот град Прилеп, иако сите работиме во вонредна состојба, во време на коронавирусот. Што се однесува пак до заштитата која ја имаме како компанија, ќе кажам дека сите ги почитуваме препораките од Владата, за кои, Димитар Триста, кој е на работното место секој ден, додавајќи за личната заштита од корона вирусот додава:

-Сите сме обезбедени со заштитни маски, ракавици и сите дезинфекциони средства. Секој ден го започнуваме со мерење на телесна температура и се врши дезинфекција на возилата со кои се движиме, кон 25 или 30 продажни места, според редоследот. Не  е сеедно да влегувате во триесетина дуќани, каде претходно поминале илјадници потрошувачи, но мора да продолжи снабдувањето на граѓаните со сите прпизводи, а се надеваме дека она што го преземаме како заштита, се што е пропишано, е доволно. 

На крај Димитар Триста додаде:

-“СЕДИ ДОМА“ да се заштитиш себеси, а да не не доведеш во опасност и наи сите други кои работиме, за кога да дојдете во било кој дуќан да е компетно снабден.

More from БитолаMore posts in Битола »