Press "Enter" to skip to content

Дуќанџиското кафе мерак за душата во тешки времиња, како стара битолска традиција

Некои навики остануваа секогаш без разлика каде сме, во кое време и под кои услови дали под стрес или радост… Кога се зборува за битолчани, во поново време како социјална навика се споменува пиењето кафе насекаде, на работа, во кафуле, во дворот, на балкун…

Сепак една традиција која битолчани ја применувале од многу порано било пиењето кафе во чаршијата меѓу дуќанџиите, меѓу еснафите, за што има многу записи.

При денешната обиколка на Битола, кога сите се наоѓаме во вонредна состојба, не можевме да не фотографирам две наши сограѓани, дуќанџии, кои пред дуќан го пиеја своето утринско кафе и најверојатно си зборуваа за тоа како се снаоѓаат во ваква состојба. Да им посакаме за брзо тоа да го прават во нормална состојба на пролетното сонце.

С.Р.