Press "Enter" to skip to content

Игор Трајковски-Фоја, за “битолскио табиет“ за (не)носење маски и кавгите во редовите, #НосиМаскаБидиМангуп

Вчера околу 10 часот утрото, двајца возрасни мажи започнаа расправа, пред еден платежен центар во центарот на Битола (на Широк Сокак) поради тоа што едниот требало да носи маска, пошто навдно бил настинат, а другиот не требало да носи пошто бил здрав.

Видете шо се деси, овај здравиот шо наводно не требало да носи маска почна да го навредува вербално, дури и намерно да кива кон овој што беше настинат, поради фактот што тој бил во ризичната група и сакаше да докаже некоја поента.

Прво се засрамив од оваа сето, а потоа видов дека 70% од редицата не носеа маски, јас не да носев маска, туку да не речам бев маскиран (маска, наочари, нараквици). А околу мене имаше уште два-тројца од 10-тина кои носеа маски.

Заборавив да кажам за една средновечна жена (поради која подоцна сватив дека можда и започнала целата оваа кавга) кажуваше дека е настината од грип и таа не можела да носи маска пошто во маската и течи носот (а 3 кг, пудра шо носеше не и смета на грипот).

Е сега да ви кажи Чичо (иако сите беа повозрасни од мене си земам право да го користам овој израз пошто ако ништо друго носев маска). Здрав, настинат, ви течи носот, не ви течи или со 3 кила пудра има да си носите маска, сакате медицинска, сакате памучна, сакате рало гаки перени (или не перени) во јавни простории каде доагаат и други луѓе, поради една и само една Причина. *Вирусот е подмолен и никој не знае дали го носи и на кого ќе го пренесе.

Заради ова од овој момент јас започнувам предизвик #НосиМаскаБидиМангуп .

Ќе споделам слика од мене со маска и ке пратам кај еден пријател да го продолже предизвикот итн. И да според мене си мангуп ако си заштитен , а не ако демек одам ништо никој не ми може.

#ПочитувајПрепоракиНеБидиГлуп.

И ова ќе помине, ќе ви ги видиме лицата (не дека изгоревме до толку и сега, не сте сите до толку преубај) па и убајната не е само во лицето. Да направиме се што можеме ова побргу да помине. И да #НосиМаскаБидиМангуп само за неодложни излегување и меѓање со луѓе, за се друго слушај препораки сејси дома.

Па да биде З’убо, З’арно и пак само Радост да има насекаде.