Press "Enter" to skip to content

“Партизанска“, “Север-југ“, “Мирка Гинова“… денес на ред за дезинфекција (фото)

Општина Битола до денес нема пријавен случај на заболени од корона вирусот. Но, почитувани граѓани, реалноста е таа, во секој момент е можно и Битола да се најде на листата на градови во кои вирусот е регистриран. Затоа е важно сите заедно да се избориме со овој предизвик.Во меѓувреме, Општина Битола продолжува со дезинфекција на градските населби. Така, денес екипите на битолските јавни претпријатија Комуналец, Водовод, Нискоградба и Пазари, работеа на терен и целосно се изврши дезинфекција во станбените објекти и паркинг просторот, пешачките патеки и коловозите на улиците „Партизанска“, „Питу Гули“, „Север-југ“. „Мирка Гинова“, „Борис Буџевски“ и населбата „Областа“.ЈП Пазари тековно работи на одржување и дезинфекција на двата пазари во градот.Екипите се на терен, а Вие, #СедетеДома