Press "Enter" to skip to content

Совети од нутриционист: седењето дома не значи и дебелеење ако се почитуваат некои правила

Самиот престој во изолација или како сега е популарно наречено “СЕДИ ДОМА“, а тоа важи за најголем број на населението во дравата, сигурно ќе донесе некои промени. Прво во навиките на сите нас кои  секогаш накаде брзавме, а сега сме дома, промени во начинот на водење на бизнис или одење на работа со ново работно време.

Голем број од нас посебно женскиот пол го поставуваат прашањете, со колку килограми ќе излеземе од домашната изолација.Многу студии кои правеле истражувања во овој правец како делува изолацијата на телесната тежина донесле заклучок дека немало значително зголемување на телесната тежина по 30 дена изолација, а некои пак зачудувачки донесле заклучок дека телесната тежина кај испитаниците се намалила, кај некои и за 1/10 од тежината.

Како причина се наведува дека во овој период се зголемува вниманието кон здравјето поради што сме во изолација и посветувањето да се живее во овој период “здрав живот“ колку што е можно кога сме затворени дома со ограничено движење и без поголема физичка активност.

Како нутриционист би ви предложил разновидна храна, со посебни внимание на свежи зеленчукови салати без разлика од кој вид зеленчук, кои си има на сите пазари и маркети по достапни цени, супи без разлика како се подготвени, што помалку сол во исханата да не ја “врзуваме“ водата во организмот, помалку јаглено хидрати посебни газирани сокови, избгенувајте напитоци кои содржат кофеин, кафе, нес-кафе, кола производи во вечерните часови.Што се однесува пак до гравниот оброк, ручекот, препорачувам да биде подготвен дома, како велиме “добро кувано“, а доколку го правите она што го реков порано можете слободно да уживате во ручек во заедничка домашна атмосфера со чаша вино или пиво.

И пак да се вратам на телесната тежина, која голем број ги загрижува.

Најголема изолација имаат членовите на посадите во подморниците по три или четири месеци, кои живет во строго мал простор и поради тоа имаат и строго ограничено движење, што за наша среќа тоа го немаме. Но, сепак кога ќе излезат “на суво“ се уште се едни од војниците со најубави тела, само затоа што имаат режим на живот и работа, а посебно внимаат на исхраната.А препораките на темата храна се:

-Во однос на редовната исхрана, изолираното лице продолжува со вообичаениот начин на исхрана.

-Започнете здрава исхрана. Кога сте дома, многу е полесно да ја следите вашата диета.

-Не правете нарачки од надвор, дома ќе ја подготвувате вашата храна точно како што сакате – со здрави состојки и прецизни порции – нешто што е тешко да се набљудува кога јадете надвор.

-Доколку порачувате продукти преку достава избегнете контакт со доставувачот.

-Чистете ги површините во домот коишто најчесто ги користите за подготовка на храна. 

Нутриционист, Тоше Соколов, “Витаф диет“