Press "Enter" to skip to content

Битолчани на работно место во вонредна состојба: Наташа Димовска – аптека “Роса Вита“

Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “СЕДИ ДОМА“ сепак некои наши сограѓани се наоѓаат на работните места, каде во вонредни услови ги извршуваат работните задачи.

Наташа Димовска е вработена во аптеката “Роса Вота“ во Старата битолска чаршија од влезот наспроти “Уредот“. Таа и нејзините колешки и колеги во ова време работаат во вонредни услови, а сега кога се е со ограничено движење, тое работаат 24 часа на ден, односно 24/7.Како се снаоѓа во винредни услови, кога може слободно да се каже дека се на првата борвена позиција, заедно со останатите кои работно го поминуваат овој период Димовска, која на смена е заедно со колегата Горан Петровски, вели:

Како и другите здравствени работници така и фармацевтите сме во првите редови во борбата против корона вирусот.  Иако е вонредна ситуација нашиот весел дух не не напушта. Се вложивме целосно во работата и затоа и се одлучивме аптеката во која работиме “Роса Вита“ во овие моменти да биде достапна 24/7 за потребите на граѓаните.За тоа како го поминува времето дома додава:

-И во оние моменти кога не сме на работното место, дел од времето го поминуваме во планирање за утрешниот ден , договарање за снабдување на аптеката со најнеопбодните работи за овај период како што се маски, ракавици и средства за дезинфекција.  Остатокот од денот го поминуваме со оние кои ни се најблиски и сакани секако во домашна атмосфера почитувајки ги препораките на СЗО и Владата, а не пропушти за заштитата од корона вирисот и неговото ширење да каже:-Како гледате на фотогафиите ние сме компелно заштитени на работното место, во аптека доаѓајте кога е неопходно со заштита, а најдобро е да седите дома и со тоа да ни помогнете нам, кое сме на работа, да ни биде полесно, за да имате непречено снабдување со потребните лекови и заштитни средства, СЕДИ СИ ДОМА.