Press "Enter" to skip to content

Дезинфицирање на возилата кои влегуваат, “дезинфекциони корита“ на влезовите на Битола

Една од мерките кои беа предложени на координативните активности на кризниот штаб на Општина Битола беше и поставувањето на „дезинфекционо корито“ на сите влезови во Битола.“Дезинфекционите корита“ веќе се  поставени, откако е добиена сосласност од СВР Битола, а со оваа мерка сите возила кои влегуваат во градот да поминат преку „дезинфекционо корито“ со што ќе бидат дезинфекцирани.